Русија заработи дополнителни 6 милијарди евра за две недели борби меѓу САД и Иран, покажа анализа од 12 март на Центарот за истражување на енергијата.

Анализата покажува дека ублажувањето на санкциите на САД ќе ѝ донесе на Москва „значаен финансиски приход“ додека Русија продолжува да  води војна против Украина.

Најновото ослободување на ембаргото за руска нафта од Вашингтон, дополнително ќе ја олесни позицијата на Москва.

Во анализата се тврди дека односот кон цената на енергентите е политички избор на владите и дека Западот секохаш наоѓа причина „да трепне“.

 

Слични новости

Најниски вредности на акциите на Волстрит во 2026

Најниски вредности на акциите на Волстрит во 2026

Акциите на американските берзи продолжуваат да паѓаат под притисок на високата цена на енергентите предизвикани од војната во Иран. Дау Џоунс падна за 1,56 насто и годинава за прв пат затвори под 47 000 поени.

САД привремено дозволија да се купува руска нафта

САД привремено дозволија да се купува руска нафта

Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.