Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп верува оти „Израел е доволно напреден и богат“ за да купува американско оружје без да се потпира на американска воена помош.

Рубио им изјави на новинарите на состанокот на Г7 во Париз дека Трамп сака што поскора да го оконча актуелниот финансиски аранжман со Израел. „Може да купуваат оружје од нас, но ние повеќе нема да мора да го обезбедуваме финансирањето“ изјави Рубио.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека сака да го изведе Израел од системот на американска воена помош во наредните десет години, но Трамп сега навестува дека тоа може да се случи до крајот на годината.

 

Слични новости

Трамп по изборниот дебакл објави фотографија со капче на кое пишува Вето

Трамп по изборниот дебакл објави фотографија со капче на кое пишува Вето

Трамп порача дека ги признава изборните резултатите и дека е подготвен на соработка со Демократите, но и се закани дека ќе ја користи можноста на претседателското вето за да ги блокира нивните закони и одлуки.