Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на американските сојузници во Персискиот залив дека нивните безбедносни и економски интереси ќе бидат земени в предвид во секоја идна спогодба со Иран, настојувајќи да ја ублажи региналната загриженост поради прелиминарниот американско-ирански договор минатата недела.

Зборувајќи на состанокот на министерите за надворешни работи на земјите од Перискиот залив во главниот град на Бахреин, Рубио рече дека Вашингтон сака траен мир со Иран, но дека нема да презема чекори кои би можеле да ја загрозат безбедноста и просперитетот на сојузниците во регионот, пренесе Ројтерс.

Сојузниците на САД во Заливот: Саудиска Арабија, Катар, Оман. ОАЕ, Бахреин и Кувајт за време на конфликтот му даваа различни облици на логистичка поддршка на Вашингтон, додека истовремено беа изложени на ирански ракетни напади.

Слични новости

Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД

Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД

Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.