Американскиот државен секретар Марко Рубио ги извести сојузниците на САД дека Вашингтон во овој момент не планира нови напади врз Иран и дека наместо кон воена акција ќе се насочи кон заострување на санкциите и други облици на притисок врз Техеран.
Рубио јасно ставил до знаење дека Вашингтон нема намера да продолжи воена операција од големи размери, но не ја исклучил можноста за нови удари доколку Иран прв ги нападне американските сили или интереси.
Вашингтонската администрација смета дека деминирањето на Ормутскиот теснец што во моментов го спроведува американската морнарица претставува пресврт во војната, бидејќи во голема мерка е неутрализиран еден од главните инструменти на притисок со кој располагаше Техеран.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.
Силата на новата десница
Можеби најзначајно од се во идеолошка смисла, е паѓањето, или барем поместувањето на таканаречениот „санитарен кордон“ околу есктремната десница.
