Милан постигна договор со Рубен Аморим кој ќе ја преземе улогата на шеф на стручниот штаб на италијанскиот клуб, пренесоа португалските медиуми. Според пишувањата на медиумите, португалскиот тренер ја усогласил соработката на две години до летото 2028, со опција да го продолжи договорот на уште една сезона.
По заминувањето од Манчестер Јунајтед Аморим не планираше сезонава да презеде нов клуб, но упрвата на Милан и нивната понуда му ги смени плановите.
Аморим во Милано ќе заработува 3,5 милиони евра нето по сезона, со дополнителни бонуси за секој трофеј и пласман во Лигата на шампионите. Милан две години по ред не успева да се пласира во Лигата на шампионите.
Слични новости
Португалија ја елиминира Хрватска и се пласира во осминафиналето со многу контроверзни судиски одлуки
Во 12-тата минута од судиското надополнување Хрватска израмни со гол на Јошко Гвардиол, но повторно се огласи ВАР собата и голот беше поништен поради наводен офсајд. ФИФА денеска со соопштение ги бранеше одлуките на судиите на натпреварот.
Америка ја победи Босна со 2:0 и ја елиминираше од Светското првенство
Избраниците на Покетино ја оправдаа фаворитската улога и беа подобри на теренот, иако во второто полувреме останаа со играч помалку, откако по асистенцијата на ВАР собата му беше покажан црвен картон на стрелецот на првиот гол за САД Фоларин Балогун.
Сенегал елиминиран од Белгија иако водеше 2:0 до 86-тата минута
По шокантниот пораз од Белгија со 3:2 по продолженија во Сиетл, со кој Сенегал беше елиминиран од Светското првенство, дојде до раздор меѓу фудбалерите и стручниот штаб. Играчот за врска на Виљареал папа Геј соопшти дека привремено нема да настапува за националната селекција, се додека ја води актуелниот стручен штаб.


