Рубен Аморим веќе не е тренер на Манчестер јунајтед, а бројките покажуваат дека едноставно мораше да замине. Во ерата по Фергусон, Аморим е најлошиот тренер според учинок, па заминувањето од клубот беше неминовно.

Според процентот на победи на клупата на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо имаше 58,33, Ерик Тен Хаг имаше 54,69, Оле Солскјер 54,17, а четврти е Дејвид Мојес со 52,94 насто победи. Рубен Аморим имаше само 36,92 проценти победи што е огромна разлика во однос на неговите претходници кои имаа меѓу 52 и 58 насто победи.

Јuнајтед во 2026 ќе го именува својот седми менаџер од 2013, а тука не се сметаат привремените како Рајан Гигс, Мајкл Керик и актуелниот Дарен Флечер.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.