Португалскиот стручњак Рубен Аморим веќе не е тренер на Манчестер јунајтед, соопшти и официјално клубот. По двата нерешени резултати со Вулвс и Лидс управата на клубот реши да го отпушти Аморим по 14 месеци.
Медиумите пишуваат дека привремено решение на клупата на јунајтед ќе биде дарен Флечер кој го води тимот на Манчестер јунајтед до 18 години. Флечер ќе добие шанса да го води тимот до крајот на сезоната.
“Манчестер јунајтед е на шестото место во Премиер лигата и решивме дека е вистинскиот момент за промена. Клубот сака да му се заблагодари на Аморим на се што направи за Јунајтед и му посакува се најдобро во продолжението на кариерата. Дарен Флечер ќе го води тимот во среда против Барнли“, се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.
Слични новости
Крај на сезоната за Џејми Гитенс од Челси
Фудбалерот на Челси Џејми Гитенс ќе отсуствува подолго време од терените поради повреда на бутниот мускул, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана
Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.
Пејтон Вотсон најновиот повреден кај Денвер Нагетс
Пејтон Вотсон има повреда на задната ложа и не е познато колку ќе отсуствува од теренот. Поради истата повреда Арон Гордон не игра веќе со месеци.


