Фудбалерите на Рома синоќа ја победија Аталанта со 2:1 во натпревар од третото коло на италијанската Серија А. Гостите од Бергамо поведоа во 47-та минута со голот на Едерсон, а пресвртот го донесоа Марио Хермосо во 90-тата и Матијас Суле во третата минута од судиското надополнување.
Претходно Интер со голем пресврт победи со 3:2 во дербито против Наполи. Наполи поведе со 2:0 на почетокот од второто полувреме, но со двата гола на Лаутаро Мартинез од кој едниот во судиското надополнување и голот на Турам Интер на Меаца славеше со 3:2.
Рома и Интер водат на табелата со по 9 бодови од три натпревари.
Слични новости
Зубименди сака да замине од Арсенал, неговите агенти контактирале седумевропски великани
Како што пренесуваат англиските медиуми, Мартин Зубименди е подготвен да го напушти Арсенал уште во јануари, за повторно да ја заживее својата фудбалска кариера.
Јамал стана најефикасниот тинејџер во ЛШ
Шпанскиот тинејџер синоќа го постигна 14-тиот гол во Лигата на шампионите со што го престигна Мбапе кој го држеше рекордот со 13 голови.
ПСЖ во Виљареал испиша историја во Лигата на шампионите
Бранителот на европската титула во Шпанија постави нов рекорд во Лигата на шампионите, откако успеа за само осум минути да постигне четири голови. ПСЖ веќе во 17-тата минута од натпреварот водеше со 4:0.


