Фудбалерите на Рома синоќа ја победија Аталанта со 2:1 во натпревар од третото коло на италијанската Серија А. Гостите од Бергамо поведоа во 47-та минута со голот на Едерсон, а пресвртот го донесоа Марио Хермосо во 90-тата и Матијас Суле во третата минута од судиското надополнување.
Претходно Интер со голем пресврт победи со 3:2 во дербито против Наполи. Наполи поведе со 2:0 на почетокот од второто полувреме, но со двата гола на Лаутаро Мартинез од кој едниот во судиското надополнување и голот на Турам Интер на Меаца славеше со 3:2.
Рома и Интер водат на табелата со по 9 бодови од три натпревари.
Слични новости
Германија повторно не успеја да ја победи Грција
На стадионот „Тумба“ во Солун, фудбалската репрезентација на Грција повторно направи изненадување и одигра нерешено против селекцијата на Германија 0:0.
Крис Смолинг доаѓа во Порто
Некогашниот фудбалер на Фулам, Манчестер јунајтед и Рома, кој сега игра во Саудиска Арабија се враќа во Европа во тимот на Порто. Се очекува португалскиот клуб во секој момент да го официјализира трансферот.
Откако Роналдо ја напушти репрезентацијата на Португалија, селекторот Жезус рече дека ништо не може да го поремети единството
Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија Жорже Жезуз изјави дека ништо не може да го наруши единството на екипата откако Кристијано Роналдој а напушти репрезентацијата.


