Рома ќе се засили со 19 годишниот крилен напаѓач Робињо Ваз во зимскиот преоден рок, откако договори да плати 25 милиони евра на Илимпик Марсеј за талентираниот напаѓач.

Робињо Ваз не е нашироко познат и има одиграни само 19 професионални мечеви, но одлуката на управата на Олимпик е изненадувачка бидејќи се очекуваше во иднина тој да го предводи нападот на францускиот клуб.

Стручњаците сметаат дека Ваз има голем потенцијал и игра и на лева и на десна страна од теренот, иако преферира да игра лево крило бидејќи е подобар со десната нога. Во француската лига сезонава постигна 4 гола и 2 асистенции.

 

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.