Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека обврските преземени во 2022 година, вклучително и уставните измени, треба да бидат спроведени за Македонија да го продолжи патот кон отворање на преговорите со Европската Унија.
Тој нагласи дека ЕУ останува силно посветена на европската перспектива на земјата.
Говорејќи на конференцијата КОСАП во Скопје, Рокас истакна дека нема сомнеж оти земјава припаѓа на европското семејство и изрази надеж дека соседните земји и Европската Унија ќе покажат конструктивност во наредниот период за надминување на преостанатите предизвици.
Рокас оцени дека регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар се важни за подготовка на земјите од Западен Балкан за интеграција во единствениот европски пазар, нагласувајќи дека процесот на проширување останува клучен за стабилноста и просперитетот на регионот.
Слични новости
ДУИ бара оставка од директорот на Јазичниот инспекторат
ДУИ побара оставка од директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, обвинувајќи дека институцијата не реагирала по наводни прекршувања на законската обврска за употреба на албанскиот јазик.
Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври
Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.
Претседателката на Индија во посета на Македонија – посебен сообраќаен режим во Скопје
Претседателката на Индија, Друпади Мурму од денеска до 23 јули ќе престојува во официјална посета на Македонија, поради што Скопје ќе биде под посебен режим на сообраќај, соопшти МВР.


