Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска ќе му го врачи на премиерот Христијан Мицкоски Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Во извештајот се нотира активното учество на земјава во Планот за раст за Западен Балкан и високото ниво на усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Сепак, Европската комисија укажува на недостиг од напредок во усвојувањето на уставните измени, кои се услов за отворање на првиот преговарачки кластер, како и на ограничен напредок во владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос оцени дека земјава ја подобрила подготвеноста за членство и ги забрзала реформите во рамки на Планот за раст, но нагласи дека се потребни дополнителни резултати во борбата против корупцијата и реформата на јавната администрација.

За деблокирање на пристапните преговори, останува обврската за внесување на малцинствата во Уставот, согласно заклучоците на Советот на ЕУ од 2022 година.

 

Слични новости

Граѓани во Битола утрово бараат да влезат во Алта банка -сакаат да си ги подигнат парите

Граѓани во Битола утрово бараат да влезат во Алта банка -сакаат да си ги подигнат парите

Утрово во Битола граѓани во редици чекаат да влезат во „Алта Банка“ и да си ги подигнат средствата. Инсистираат да влезат во банката и не ја прифаќаат одлуката на Народна Банка дека смеат да подигнат само 10.000 недело.