Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска ќе му го врачи на премиерот Христијан Мицкоски Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Во извештајот се нотира активното учество на земјава во Планот за раст за Западен Балкан и високото ниво на усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Сепак, Европската комисија укажува на недостиг од напредок во усвојувањето на уставните измени, кои се услов за отворање на првиот преговарачки кластер, како и на ограничен напредок во владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос оцени дека земјава ја подобрила подготвеноста за членство и ги забрзала реформите во рамки на Планот за раст, но нагласи дека се потребни дополнителни резултати во борбата против корупцијата и реформата на јавната администрација.

За деблокирање на пристапните преговори, останува обврската за внесување на малцинствата во Уставот, согласно заклучоците на Советот на ЕУ од 2022 година.

 

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава