Шпанскиот играч за врска и досегашен капитен на Манчестер сити Родри потпиша за Барцелона, јавуваат шпанските медиуми.

Каталонците го реализираа спектакуларниот трансфер на летото со освојувачот на златната топка пред две години и лидер на шпанската репрезентација на мундијалот на кој триумфираа.

На Светското првенство Родри играше со дури осуммина фудбалери од Барцелона кои едвај чекаат да игра за нивниот клуб. Тој вчера не играше на натпреварот од Комјунити шилдс купот кој Манчестер сити го загуби од Арсенал со 3:0.

Родри го посакуваше и Реал Мадрид, но на крајот сепак потпиша за Барцелона.

Слични новости

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Досегашниот фудбалер на Лестер Патсон Дака од денеска е нов фудбалер на германскиот бундеслигашки клуб Хамург, соопшти германскиот клуб. Замбиецот Дака кој има 27 години, претходните пет сеозни играше за британскиот клуб Лестер.