Шпанскиот играч за врска и досегашен капитен на Манчестер сити Родри потпиша за Барцелона, јавуваат шпанските медиуми.

Каталонците го реализираа спектакуларниот трансфер на летото со освојувачот на златната топка пред две години и лидер на шпанската репрезентација на мундијалот на кој триумфираа.

На Светското првенство Родри играше со дури осуммина фудбалери од Барцелона кои едвај чекаат да игра за нивниот клуб. Тој вчера не играше на натпреварот од Комјунити шилдс купот кој Манчестер сити го загуби од Арсенал со 3:0.

Родри го посакуваше и Реал Мадрид, но на крајот сепак потпиша за Барцелона.

Слични новости

Црвена Звезда елиминарана од израелски Хапоел во квалификациите на Лигата на шампионите

Црвена Звезда елиминарана од израелски Хапоел во квалификациите на Лигата на шампионите

Црвена звезда синоќа во Белград на домашен терен загуби со 2:0 од израелски Хапоел и беше елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите. Головите за Хапоел ги постигнаа Златановиќ во 61-та минута и Ист во 79-тата.