Двата клуба од Рим, Лацио и Рома се на чело на Серија А по 12-ет одиграни кола. Најголемо изненадување е првото место за Лацио под водство на Џенаро Гатузо. Лацио има 10 победи, две нерешени и нема пораз во новата сезона.

Втора е Рома кој викендов убедливо победи со 5:1 на гостински терен со дури 4 голови на холандскиот напаѓач Дониел Мален кој во моментов е надобар играч во Серија А. Рома исто така нема пораз сезонава со 9 победи и три нерешени.

Зад нив на табелата се тимовите од Милано, Интер кој има 29 бодови, по вчерашните 4:4 со Аталанта и Милан кој се проби на четвртата позиција со 27 бода по убедливиот триумф врз новајлијата Фросиноне од 5:1.

Слични новости

Премиер лигата му се извини на Манчестер јунајтед и призна дека голот на Халанд во дербите морало да биде поништен

Премиер лигата му се извини на Манчестер јунајтед и призна дека голот на Халанд во дербите морало да биде поништен

Се огласи судиската организација која ја призна вината и Премиер лигата и му се извини на Манчестер јунајтед со признание дека ВАР собата погрешила и дека голот морало да биде поништен, но натпреварот сепак е регистриран со 0:1 за Манчестер сити.