Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на 32 проценти, што е најниско ниво досега, покажува најновата анкета на „Ројтерс/Ипсос.

Во однос на претходната анкета, неговиот рејтинг е намален од 35 на 32 проценти, а поддршката меѓу републиканците паднала од 82 на 73 проценти.

Анкетата покажува и промена во расположението пред среднорочните избори во САД на 3 ноември.

Меѓу регистрираните гласачи, 43 проценти велат дека би гласале за демократски кандидат, наспроти 35 проценти за републикански, што претставува најголема предност за демократите во овогодишните анкети.

 

Слични новости

На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

На Ива Михаилова, обвинета за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ќе ѝ се суди во отсуство. Вака реши Јавното обвинителство по предлог на Основното Јавно обвинителство Кочани.