Дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација (TFF) суспендираше 149 судии за периоди од осум до 12 месеци поради обложување на исходи од натпревари, додека против уште тројца се во тек постапки.
Истрагата на TFF покажа дека од 571 судии лиценцирани за судење натпревари во професионалните лиги на Турција, 371 имаат сметки за спортско обложување, а 152 активно се обложуваат. Од судиите вклучени во скандалот, 22 (седум главни судии и 15 линиски судии) суделе натпревари во турската прва лига.
„Судењето е чесна професија и секој што ја оцрнува таа чест никогаш повеќе нема да учествува во турскиот фудбал“, се закани во четвртокот претседателот на TFF, Ибрахим Хачиосманоглу.
Федерацијата додаде дека десет судии се обложувале на повеќе од 10.000 настани секој, додека бројот на оние кои се обложувале на најмалку 1.000 настани е 42.
Не е познато дали некој од суспендираните судии се обложувал и на натпревари што ги суделе.
Слични новости
Денвер го декласираше Голден Стејт со доминација на Јокиќ
Најдобар поединец на теренот повторно беше српскиот центар Никола Јокиќ кој постигна 26 поени, 9 скокови и 9 асистенции, но поради високата предност воопшто не влезе во игра во последната четвртина од натпреварот.
Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Атина
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска во финалето на тенискиот турнир во Атина ќе се бори за својот 101-ви трофеј во кариерата, откако во полуфиналето го совлада германскиот тенисер Јаник Ханфман со 2:0 во сетови
ФИФА ги објави кандидатите за наградата за најдобрите
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја објави листата на кандидати за најдобар играч, тренер и голман во женската и машката конкуренција за 2025 година


