Шпанскиот ресторан „Ечебари грил“ е прогласен за најдобар рестоан во светот за оваа година, според листата на најдобрите 50 ресторани која ја избира меѓународната Академија со повеќе од 1,100 независни експерти од областа на гастрономијата.
Ова е деветти пат ресторан од шпанската висока кујна да се најде на врвот на листата на 50 најдобри ресторани во светот, пренесува шпанскиот весник „Ел Мундо“.
„Ечебари грил“ кој е сместен во малото рурално гратче Атсондо меѓу Билбао и Сан Себастијан и кој од 199о го води баскискиот Шеф Битор Аргизнониз, минатата година беше на второто место на глобалната листа.
На второто место годинава е ресторанот „гаган“ во Бангкок на Тајланд со својата експериментална кујна на индискиот Шеф Гаган Ананад.
Слични новости
Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар
Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.
