ЛА Лејкерс денеска на свој терен го победија Кливленд со 127:113 и на шест натпревари пред крајот на регуларната сезона го зацврстија третото место во западната конференција на НБА лигата.
Најефикасен во тимот на Лејкерс беше Словенецот Лука Дончиќ кој постигна 42 коша. Со тоа Дончиќ стаса до 600 поени дадени во месец март, со што стана само еден од десетмината играчи во историјата на НБА што успеале да постигнат толкав број на кошеви во еден месец.
Дончиќ стана и играч на Лејкерси со најмногу поени во еден месец, уривајќи го рекордот на легендарниот Кобе Брајант.
Слични новости
Гвардиола: Трката за титулата веќе не е во наши раце
Тренерот на фудбалерите на Манчестер сити пеп Гвардиола по синоќешното реми со Евертон изјави дека трката за титулата во Премиер лигата не е готова, но дека неговата екипа веќе не држи се во свои раце.
Кливленд го победи Торонто во мајсторката и се пласираше во полуфиналето
Кливленд Кавалиерс ги победија Торонто Рапторс во седмиот решавачки меч пред своите навивачи со 114:102 и се пласираше во полуфиналето на Источната конференција каде што ги очекува тимот на Деторит.
Историски пресврт и прво полуфинале за Детроит на Истокот по 18 години
Детроит успеа да се пласира во полуфиналето на Источната конференција откако утринава во мајстроката против Орландо победи со 116:94 и победи во серијата со 4:3. Детроит губеше со 3:1 од Орландо и практично „се врати од мртвите“.


