Цената на златото значително расте последните денови, бидејќи овој скапоцен метал се смета за безбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.
Утрово цената на тројската унца злато се зголеми за дополнителни 0,8 отсто, на ново рекордно ниво од 4.524 долари. Од почетокот на годината, таа се зголеми за 72 отсто.
Цената на среброто се зголеми уште повеќе оваа година, за речиси 150 отсто, па цената на унца сребро утрово достигна ново рекордно ниво од 72,27 долари.
А на валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна трет ден по ред, паѓајќи на најниско ниво за два ипол месеци.
Од почетокот на годината, индексот на доларот падна за речиси 10 отсто, што е негов најголема годишна загуба од 2003 година.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, е околу 97,76 поени утрово, додека вчера во ова време беше 98,06 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 156,05 на 155,60 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,1805 долари, највисоко ниво за три месеца, додека вчера во истиот пресек чинеше 1,1775 долари.
Цените на нафтата, пак, малку се зголемија. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово се зголеми за 0,18 отсто, на 62,50 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,21 отсто, на 58,50 долари.
Слични новости
Британските банки планираат алетернатива за платежните картички поради страв од Трамп
Шефoвите на најголемите британски банки го одржаа првиот состанок за воспоставување на локален платен систем, познат како „ DeliveryCo” за да ја намалат зависноста од американските платни картички Виза и Мастеркард
Германија: Илjaдници работодавачи одбивале да исплатат минимална плата за 2025
Илладници работодавачи во Германија одбија да ја исплаата минималната плата во текот на 2025, соопшти финансиската контрола за непријавена работа
Во Индија започнува петдневен самит посветен на вештачката интелигенција
На самитот во Њу Делхи учествуваат 20 шефови на држави и влади, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон.


