Вредноста на стоковата размена меѓу Европската Унија и САД минатата година достигна рекордни 875 милијарди евра и покрај растот на трговските тензии и царините. Сепак, вкупните резултати ги прикриваат сериозните проблеми во одделни сектори, покажува денеска објавената анализа на Германскиот институт за економија.

Извозот на ЕУ во САД е зголемен за 7,7 насто на 580 милијарди евра, додека увозот на амертиканска стока во ЕУ порасна за 2,2 насто на 295 милијарди евра, со што суфицитот на ЕУ во однос на САД достигна 285 милијарди евра, пренесе Ројтерс.

Сепак, иако вкупната слика покажува дека економските односи не се нарушени, одделни сектори веќе трпат значајни последици од царините, а пред се европската автомбилска индустрија која го намали извозот во САД во 2025 за 20,4 насто.  

Слични новости