Американската кошаркарска НБА лига ја забележа најголемата гледаност за Божик во последните 15 години, објави денеска НБА. Повеќе од 75 милиони Американци гледаа барем еден од петте натпревари што ги пренесуваа телевизиите АБЦ и ЕСПН, што претставува големо зголемување за 45 насто во однос на минатата година.

Натпреварите во просек ги гледале по 5,5 милиони луѓе. Дуелот меѓу Њујорк и Кливленд беше најгледан Божикен натпревар во историјата со 6,4 милиони гледачи.

НБА соопшти и дека била најгледан бренд на социјалните мрежи за Божик со содржина која генерирала 1.6 милијарди прегледи.

Слични новости

Денвер го победи на гости Сан Антонио во дербито на вечерта со нов трипл дабл на Никола Јокиќ

Денвер го победи на гости Сан Антонио во дербито на вечерта со нов трипл дабл на Никола Јокиќ

Никола Јокиќ го забележа својот 26-ти трипл дабл оваа сезона со 31 кош, 20 скокови и 10 асистенции, а Џамал Мари постигна 39 коша, од кои повеќето во второто полувреме кога Денвер направи преврт.