Пазарот на трудот во Шпанија го продолжи силниот растечки тренд и покрај глобалните тензии, бидејќи бројот на вработени во март во Шапнија порасна за 211 000 луѓе.
Бројот на работници во Шпанија со ова ја достигна бројката од 22 милиони, што е рекордна вредност од почетокот на водењето на статистиката за овој параметар од 2001.
Најголем придонес за растот на вработеноста даде секторот на туризмот и угостителството кој отвори 80.000 нови работни места, а значаен раст е забележан и во градежништвото, здравството и индустријата.
Слични новости
Трамп ја поздрави одлуката на ОАЕ за излез од ОПЕК
Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлуката на Обединетите Арапски Емирати да ја напушти ОПЕК, оценувајќи дека тоа може да помогне во намалување на цените на нафтата и горивата.
Цената на нафтата денеска се искачи на 126 долари за барел
Брент нафтата порасна за речиси 7%, надминувајќи 126 долари за барел, додека американската WTI нафта достигна околу 109 долари.
Растот на цените доаѓа во време кога клучниот Ормуски теснец останува практично затворен, што сериозно ги нарушува глобалните испораки на енергенси.
ФЕД ги задржа референтните каматни стапки на 3,5 и 3,75 насто
Американските федерални резерви ги задржаа референтните каматни стапки на 3,5 и 3,75 насто, со предупредување дека инфлацијата и натаму е зголемена. Одлуката е донесена со осум гласови спрема четири, што претставува најдлабока поделба во врвот на американската централна банка од 1992


