Цените на нафтата на светските берзи денеска паднаа за повеќе од три проценти и ги достигнаа најниските нивоа во последните неколку недели. Нафтата Брент се продава за 86,5 долари по барел, а американската сирова нафта за околу 85 долари по барел.
До падот на цената на нафтата дојде по извештајот дека САД и Иран се пред постигнување на привремена мировна спогодба, со што би се окончал конфликтот кој последните месеци предизвика пореметување на енергетските пазари, пренесува Трејдинг економикс.
Според наводите на иранската агенција Мехр нацрт-договорот меѓу САД и Иран содржи 14 точки, вклучувајќи и укинување на санкциите на извоз на иранската нафта и повторно отварање на Ормутскиот теснец во рок од 30 дена.
Слични новости
Цената на нафтата продолжува нагло да расте
Фјучерсите на референтната нафта „Брент“ поскапеа за 3,14 насто на 90,87 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 11-ти јуни. Американската сирова нафта ВТИ поскапе за 2,85 насто на 84,84 долари за барел.
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи
Цените на нафтата пораснаа поради ескалацијата на судирот меѓу САД и Иран
Фјучерсите за нафтата Брент денеска пораснаа за 70 центи на 84,93 долари по барел, а американската сирова нафта ВТИ поскапе за 81 цент на 79,76 долари по барел, јавува Ројтерс.

