Разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за владината реконструкција продолжуваат, откако и по последната средба не е постигнат конечен договор за сите кадровски решенија.
Според најавите, нов круг преговори се очекува викендов, а предлогот за реконструкција би можел да биде доставен до Собранието на почетокот на следната недела. Спикерот Африм Гаши потврди дека засега нема официјален предлог од Владата.
Неофицијално, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги преземе ресорите Здравство, Социјална работа и демографија и Евроинтеграции, додека коалицијата ВРЕДИ би ги добила Правда, Култура, Спорт и Односи меѓу заедниците.
Се разгледуваат и дополнителни кадровски промени, при што неколку актуелни министри се споменуваат како можни замени или ротирања на други функции.
Слични новости
Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи


