Резултатите од форензичкиот преглед на телото на норвешкиот биатлонец, 27-годишниот Сиверт Гуторм Бакен, пронајден мртов во хотелска соба во Италија на 23-ти декември, ќе бидат објавени најдоцна до март, објави адвокатот на семејството во вторникот.
Норвешкиот биатлонец беше пронајден мртов во неговата хотелска соба во Лавазе на италијанските Алпи, каде што бепе на тренинг-камп, по што италијанската полиција започна истрага за да ја утврди причината за неговата смрт.
„Форензичките испитувања беа спроведени минатиот викенд. Сè уште не се извлечени заклучоци од овие испитувања, кои ќе продолжат на почетокот на следната година“, соопшти адвокатската канцеларија „Elden Advokatfirma“, која го застапува семејството на биатлонецот.
„Италијанското јавно обвинителство им даде рок на форензичките патолози до 7-ти март да ги завршат испитувањата и да го достават својот извештај“, се додава во соопштението.
Норвешката федерација за биатлон потврди дека Сиверт Бакен носел висинска маска кога бил пронајден, но посочи дека нема информации за околностите за набавката и употребата на маската.
„Во оваа фаза од истрагата, нема докази што сугерираат или негираат дека смртта е поврзана со употребата на таканаречена опрема за ‘симулиран висински тренинг’“, напиша претставник на семејството.
Бакен имаше 31 настап на Светските првенства во текот на својата кариера, а единствената индивидуална победа ја имаше во Холменколен во 2022 година.
На Бакен му беше дијагностициран миокардитис во 2022 година, поради што ја пропушти сезоната 2022/23. Им се врати на натпреварувањата во ноември 2024 година, 984 дена по победата во Холменколен.
Слични новости
Новак Ѓоковиќ загуби од Џек Драјпер во осминафиналето на Индиан Велс
Ветеранот Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртфиналето на мастерсот во Индијан Велс, откако беше поразен од Британецот Џек Драјпер со 6:4, 4:6 и 6:7. Неизвесната борба меѓу Ѓоковиќ и Драјпер траеше два часа и 35 минути.
По дебаклот на Манчестер Сити од 3:0 во Мадрид Пеп Гвардиола вели дека играле подобро од тоа што го покажува резултатот
Манчестер сити синоќа загуби со 3:0 на гостувањето кај Реал Мадрид во осмина финалниот меч од Лигата на шампионите, со блескава партија на Валверде кој ги постигна сите три гола за Реал.
Никола Јокиќ до 25-ти трипл дабл сезонава во победата на Денвер врз Хјустон
Ова е четврта година по ред во која Јокиќ постигнува 25 трипл-дабла, по што НБА лигата се огласи со соопштение дека српскиот центар испиша историја бидејќи стана првиот играч во НБА лигата што го достигнал ова остварување.


