Режисерот Стивен Содерберг изјави дека е многу вознемирен што студиото Дизни го откажа снимањето на филмот „Ловот по Бен Соло“ од серијалот Војна на ѕвездите, за кој Содерберг изјави дека потрошил три години на подготовка за проектот. Главната улога во филмот требаше да ја толкува Адам Драјвер, а фановите на франшизата се длабоко разочарани од одлуката на Дизни.

Содерберг рече дека претседателот на „Лукасфилм“ го оценил сценариото како одлично, но дека шефовите на Дизни го отфрлиле проектот. Истата сторија ја потврди и актерот Адам Драјвер што требаше да го игра ликот на Бен Соло.

Ликот на Бен Соло беше убиен во филмот од 2019 „ Војна на ѕвездите успонот на Скајвокер“, па тоа е една од причините поради која Дизни се откажа од целата идеја.  

Слични новости

Оскари: Студиото Ворнер Брос со најмногу номинации за Оскар дури 30

Оскари: Студиото Ворнер Брос со најмногу номинации за Оскар дури 30

Големото холивудско студиот Ворнер Брос кое Нетлфикс сака да го откупи, заедно со многу богатата филсмка архива, годинава доби дури 30 номинации за оскар, што филмските критичари го опишаа како достигнување достојно „за да ви падне вилицата“.