Телевизијата АБЦ и студиото Дизни плус емитуваа пилот специјална епизода на апдејтирано Мапет шоу кое постигна одлична гледаност. Новото Мапет шоу на премиерата на АБЦ го гледаа 3 милиони гледачи во Америка, но оттогаш на стриминг платформата на Дизни достигна 7,6 милиони гледачи што е зголемување за 147 проценти.

Мапет шоу во кое специјален гостин е Сабрина Карпентер која е еден од извршните продуценти е апдејтирана верзија на класичниот Мапет шоу формат со Кермит, Пиги и останатите кукли.

Сеуште не е обелоденето дали студијата ќе направат цел нов серијал на Мапет шоу, но позитивните критики и големата гледаност укажуваат дека наскоро Мапетите ќе се вратат на малите екрани со нови епизоди.

Слични новости

Тимоти Шаламе го претрпе и вториот пораз на големо доделување награди пред Оскарите

Тимоти Шаламе го претрпе и вториот пораз на големо доделување награди пред Оскарите

Синоќа, на доделувањето на актерските награди во Холивуд, Шаламе го претпре и вториот пораз во низа, откако актерската награда му беше врачена на Мајкл Б. Џордан за улогата во филмот „Грешници“.