Шпанскиот тренер Чаби Алонсо доби ненадеен отказ од Реал Мадрид веднаш по враќањето од Џеда каде што се играше Суперкупот на Шпанија. Отказот доаѓа на половина од првата сезона, а клубот поради едностраното раскинување на договорот е должен да му ја исплати првата година од договорот.

Алонсо летоска потпиша договор со Реал на три година за 21 милион евра, но со клаузула според која во случај на отказ во дебитантската сезона клубот  е должен да му ги исплати парите само за првата година од договорот. Тоа значи дека Реал на Алонсо ќе му исплати седум милиони евра и дека шпанскиот тренер останува кус за 14 милиони евра.

Реал минатото лето му плати на Баер Леверкузен 10 милиони евра за доаѓањето на Алосно, што значи дека авантураната со Чаби Алонсо го чинеше Реал 17 милиони евра.

Слични новости

Тренерот на Брентфорд Кит Ендрјус го продолжи договорот до 2032

Тренерот на Брентфорд Кит Ендрјус го продолжи договорот до 2032

Тренерот На Брентфорд Кит Ендрјус го продожи договорот со клубот до 2032 година, официјално соопшти Брентфорд. Ирскиот тренер седна на клупата на тимот минатото лето, откако Томас Франк замина од Брентфорд за Тотенхем, каде што подоцна доби отказ.

Клиперси загубија трет натпревар по ред на домашен терен

Клиперси загубија трет натпревар по ред на домашен терен

Лос Анџелес Клиперс го забележаа и третиот пораз во низа на свој терен, овој пат од екипата на Минесота со 88:94. По пауза од речиси цел месец во дресот на Клиперси се врати Богдан Богдановиќ кој играше 17 минути и постигна 8 коша

Бостон Селтикс убедливо ги победија Лејкерс во вечното дерби на НБА

Бостон Селтикс убедливо ги победија Лејкерс во вечното дерби на НБА

Натпреварот заврши со убедливи 111:89, а победата на Бостон не беше доведена во праѓање во ниту еден момент, иако Лејкерси играа комплетни. Кај Бостон најдобар поединец беше Џејлен Браун со 32 коша, 8 скока и 7 асистенции.