Реал Мадрид ја отфрли можноста за позајмица на 18-годишниот аргентински играч од средниот ред Франко Мастантуоно, за кој беше заинтересиран Наполи, објавија италијанските медиуми.

Наполи има проблеми во средниот ред, бидејќи Кевин Де Брујне, Андре Франк Замбо Ангиса и Били Гилмор се повредени. Затоа италијанскиот шампион му пристапи на Реал Мадрид со можност за позајмица на аргентинскиот фудбалер до крајот на оваа сезона.

Реал Мадрид одговори негативно, што беше очекувано, бидејќи ова лето шпанскиот клуб водеше жестока битка со ПСЖ за потписот на еден од најталентираните млади фудбалери во светот. На крајот, Мастантуоно одлучи да ја продолжи кариерата во „Кралскиот клуб“, кој му плати на Ривер Плата 60 милиони евра отштета за него.

Аргентинскиот играч од средниот ред постигна еден гол и имаше една асистенција во 14 настапи за Реал. Неговата адаптација во европскиот фудбал беше малку забавена од повредата на препоните на почетокот на ноември. Одигра само една минута во последните пет натпревари во шпанското првенство.

globe

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.