Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез сака да го доведе францускиот напаѓач Мајкл Олисе од Баерн Минхен во Реал Мадрид. Веста ја објави германскиот весник Билд кој пишува дека Перез веќе ги контактирал менаџерите на Олисе.

Французинот е еден од најдобрите во Европа сезонава а во дресот на минхенски Баерн на 38 натпревари даде 15 голови и постигна дури 27 асистенции.

Олисе дојде како големо засилување во Баерн од Кристал палас во 2024 за 53 милиони евра, но сега неговата вредност Трансфермаркет ја проценува на 130 милиони евра.

Шпанските медиуми објавуваат дека оваа сума не е проблем за Реал мадрид кој е подготвен да плати и 160 милиони евра за Олисе.

Слични новости

Артета по поразот во дербито со Сити вели дека клучен беше елементот на среќа

Артета по поразот во дербито со Сити вели дека клучен беше елементот на среќа

Тренерот на Арсенал МИкел Артета изјави дека во вчерашниот натпревар против Манчестер сити неговата екипа пропушти шанса да направи голем чекор кон освојување на титулата, но дека и натаму верува во успех.