Напаѓачот на Реал Мадрид Ендрик ќе добие зелено светло за трансфер доколку не сака да остане во Реал. Како што пренесувааш шпнаските медиуми Ендрик го контактирале неколку клубови, но засега не е договорено ништо конкретно.

Мадридските медиуми објавуваат дека одлуката за заминувањето на Ендрик нема да се одлага, Реал Мадрид веднаш сака да го знае неговиот статус и дека ќе биде отворен за трансфер веднаш штом се отвори зимскиот преоден рок.

Ендрик не може да постигне задоволителна минутажа во Реал мадрид поради силната конкуренција и смета дека е најдобро за неговата кариера да замине во клуб каде што ќе игра.

За него интерес покажаа италијанските клубови Рома и Милан, но интерес за Ендрик имаат и неколку тимови од Премиер лигата.

Слични новости

Вембенјама и Тејтум прогласени за играчи на неделата во НБА лигата

Вембенјама и Тејтум прогласени за играчи на неделата во НБА лигата

Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембенјама е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата. Вембенјама во минатата недела имаше просек од 36 коша, 10,3 скока, 3,7 асистенции и 4,3 блокади по натпревар.

Почина фудбалер на Тенерифе по стравичен судир со противнички голман во шпанската Сегунда

Почина фудбалер на Тенерифе по стравичен судир со противнички голман во шпанската Сегунда

Напаѓачот на Тенерифе, Хезус де Мигел (30) почина претпладнево по тешката повреда што ја здоби за време на натпреварот против Андора во шпанската Сегунда. Трагичната вест ја потврди неговиот клуб.