Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа во Џеда го победија градскиот ривал Атлетико со 2:1 во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија. Избраниците на Чаби Алонсо забележаа петта победа во низ во сите натпреварувања.
Тимот на Диего Симеоне го заврши со само два удари упатени кон голот на Реал Мадрид.
Реал поведе од самиот старт уште во втората минута кога Валверде постигна спектакуларен гол од 30 метри. По неколку промашени шанси на двете страни, Родриго го доведе Реал во водство од 2:0 на асистенција на Валверде. Три минути подоцна Александар Серлот намали на 2:1, но до крајот Атлетико не успеа да израмни.
Во финалето на Суперкупот Реал ќе игра против Барцелона.
Слични новости
Реал Мадрид сака да го доведе Мајкл Олисе од Баерн Минхен
Олисе дојде како големо засилување во Баерн од Кристал палас во 2024 за 53 милиони евра, но сега неговата вредност Трансфермаркет ја проценува на 130 милиони евра.
Бруно Фернандеш го собори рекордот на Дејвид Бекам по број на асистенции
Бруно Фернандеш е повторно херој во препородениот тим на Манчестер јунајтед кој стигна до третото место во Премиер лигата. Иако не постигна гол против Астон Вила, Бруно имаше две асистенции со што стигна до 16 асистенции оваа сезона во Премиер лигата.
Арне Слот пред отказ од Ливерпул
Ливерпул се трансформираше во тим без идентитет и слаби резултати, коментираат фудбалските аналитичари во Англија кои сметаат дека менаџерот Арне Слот не смее да остане на кормилото на Ливерпул


