Европските индекси денеска повторно растат и се доближуваат до рекордни нивоа, додека аналитичарите ги очекуваат клучните податоци од пазарот на труд во САД.

Цената на нафтата Брент денеска порасна за 0,81 насто на 83,184 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ порасна за 0,56 насто на 77,73 долари за барел.

Германскиот ДАКС порасна за 0,39 насто, францускиот ЦАЦ за 0,26 насто, а британскиот ФТСЕ порасна за 0,16 проценти.

Американскиот берзански индекс Дау Џонс на затворањето на берзата во четврток падна за 0,85 насто, додека Насдак за незначителни 0,06 насто.

Слични новости