Договорот за прекин на огнот меѓу САД и Иран, кој требаше да овозможи 60 дневен временски период за постигнување конечен мировен договор истече денеска, без шанси за негово продолжување.
Војната не само што не заврши, туку очигледно Вашингтон и Техеран остануваат на крајно спротивставени позиции, со сосема поинаква интерпретација на тоа што се случува и кој всушност го контролира Ормускиот теснец, низ кој пред да почне американско -израелската војна против Иран, минуваше околу 20 проценти од светската нафта.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој неодамна изрази и желба да го прогласи теснецот за американска територија, и натаму инсистира дека Соединетите држави се тие кои всушност ја контролираат виталната нафтена рута.
Ако ги погледнете бројките што ги постигнуваме, теснецот е отворен, а цените на нафтата се намалуваат и ќе продолжат да се намалуваат, освен ако не одлучиме да преземеме нешто многу подрастично од она што го правиме сега“– рече американскиот претседател, Доналд Трамп.
Тврдењето на Трамп дека цените на нафтата се намалени веднаш го демантираа светските берзи, каде денеска цената на глобалниот стандард – нафтата „Брент“ се искачи на 91 долар, што е највисоко ниво од јули.
Иран пак порача дека Ормутскиот теснец нема да биде отворен се додека САД не ги исполнат условите од договорот.
Од друга страна Техеран е блиску до постигнување договор со Оман, што го разлути Доналд Трамп кој и се закани на земјата која важи за традиционален сојузник на САД дека жестоко ќе ја бомбардира, ако САД не бидат задоволни од дговорот меѓу Иран и Оман.
Слични новости
Трамп: „Мислам дека војната со Иран наскоро ќе заврши“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната со Иран наскоро ќе заврши. „Мислам дека војната бргу ќе заврши, затоа што не можат уште долго да издржат“ им изјави Трамп на новинарите во Обвалната соба.
Вештачката интелигенција за прв пат дизајнираше сосема нови вируси
Експертите предупредуваат дека новата технологија го отвара прашањето на биолошката безбедност, бидејќи во иднина би можеле да паднат во рацете на биотерористи кои би ја користеле технологијата за создавање на опасни организми.
„Фајненшал тајмс“ : Трамп заробен меѓу војната и договорот со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп мора да бира меѓу продолжување на војната со Иран или прифаќање на договор кој во голема мерка би бил постигнат под условите на Техеран, пишува „Фајненшал тајмс“, повикувајќи се на извори во администрацијата во Вашингтон.


