Против момчето кое ја прегази жената е поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за ,,неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода”.
Тој без возачка дозвола прегази 79 годишната жена во центарот на Скопје и сега е во бегство. Се бара со потерница, а на случајот работи и Интерпол, откако момчето, заедно со неговиот татко по тешката сообраќајка во Капиштец избегаа во соседна земја.
Полицијата преку камерите на „Безбеден град“ и дополнителни проверки на камерите на околните објекти, како и изјави на сведоци, утврдиле дека Пасатот е во сопственост на 45 годишниот татко на момчето.
Казните за двете кривични дела за кои се сомничи момчето се движат од една до десет години и од три месеци до пет години.
Слични новости
Без задржувања на Богородица: Околу 10.000 патници за викенд во Грција
Околу 10.000 патници ја минале македонско-грчката граница кај Гевгелија во последните 24 часа и се упатиле на продолжен викенд во Грција. Според македонските гранични служби отворени биле сите шалтери за влез во Грција и задржувањето не е подолго од пет минути.
Поскапеа речиси сите прехранбени продукти пред Велигден
Непосредно пред Велигден поскапеа јајцата, но нова повисока цена доби и зејтинот. Јагнешкото месо достигнува цена и до 700 денари за килограм.
Новиот ЕУ систем не создаде застои на граничниот премин Меџитлија
Иако првиот ден од продолжениот празничен викенд се поклопи со стартот на целосната примена на новиот систем за контрола при влез во земјите од Европската унија, сепак, на граничниот премин Меџитлија–Ники кон соседна Грција нема значајни промени во фреквенцијата.


