Аталанта од Бергамо успеа да го договори трансферот на напаѓачот Џакомо Распадори од Атлетико Мадрид. Во трка за распадори беше и Рома, но Аталанта беше поконкретна, иако нема детали за сумата што ја плати клубот од Бергамо.

Распадори минатото лето дојде во Атлетикот Мадрид од Наполи за 22 милиони евра, но не ги оправда очекувањата бидејќи на 15 натпревари во сите натпреварувања постигна само два гола со три асистенции.

Диего Симеоне реши да го продаде, Распадори сакаше назад во Италија и на крај ја избра Аталанта.

Распадори сакаше да има поголема минутажа, бидејќи негова желба е да се наметне за Мундијалот во 2026.  

Слични новости