Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен со остри критики за изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземањето на Гренланд, предупредувајќи дека тоа би бил „крај на светскиот поредок каков што го знаеме“, ако САД го земат тој остров со сила.

Расмусен, кој е и поранешен дански премиер, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека Трамп користел јазик за Гренланд сличен на оној што го користат „гангстерите“ во Русија и Кина, кои треба да се обиде да ги контролира.

„Тоа беше за мене процес што боли. Уште од детството, ги сметав САД за природен лидер на слободниот свет. Дури и зборував за САД како за светски полицаец“, рече Расмусен, кој испрати дански војници да се борат заедно со САД во Авганистан.

 

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.