НАСА продолжува да го восхитува светот со материјали од историската мисија „Артемис 2“, меѓутоа најновата серија фотографии со висока резолуција не само што предизвика восхит од научната заедница, туку повторно ги „запали“ социјалните мрежи и ја оживеа вечната дебата за обликот на нашата планета.
Иако НАСА објави дузина фотографии во кои се гледа дека планетата земја е округла, а во позадината се гледаат и другите планети, приврзаниите на теоријата „за рамна Земја“ ги исористија фотографиите како нов повод за дискусија.
Научната заедница истакнува дека фотографиите на НАСА со соврешно сферни облици на Месечината и јасни рефлексии, претставуваат непобитен доказ за обликот на нашата планета и Сончевиот систем. Меѓутоа, се чини дека секоја нова мисија и секој нов поглед кон вселената, буди сомнеж кај скептиците.
Слични новости
Најславниот цртан губитник „Којотот“ ја тужи корпорацијата „Акме“
Омилениот цртан јунак сега ја напушта пустината и влегува во судница во долгоочекуваниот филмски хит „Којотот против системот“ кој треба да ја има премиерата во август.
Во моментов нема астероиди кои и се закануваат на планетата Земја
Научниците потврдија дека во овој момент во Сончевиот систем не постојат астероиди кои претставуваат вистинска закана по Земјата, но предупредуваат дека такви објекти би можеле да се појават во иднината.
Новиот хорор „Мумијата“ разочара на Бокс офисот каде што сеуште е прв „Супер Марио“
„Галаксијата на Супер Марио“ и научно фантастичниот „Хеил Мери“ продолжија да владеат со американскиот Бокс офис, откако новиот хорор блокбастер „Мумијата“ на Ли Кронин стигна само до третото место викендов.


