Во четвртокот со Волстрит завладеа жестока распродажба, предводена од акциите на компаниите кои учествуваат во изградба на центри на податоци за вештачката интелигенција.

Индексот СП 500 падна за 4,4 насто, забалежувајќи најголем пад од април 2025 кога Трамп го потресе светот со воведување огромни царини. Технолошката берза НАСДАК падна за големи 5,5 насто.

НАСДАК во кој доминираат акциите на технолошките компании-вклучувајќи ги и оние поврзани со вештачката интелигенција сега е 11,9 насто под историскиот максимум достигнат минатиот месец.

Светските берзи на акции се најдоа под голем притисок поради континуираниот пад на вредноста на компаниите кои профитираа од процутот на вештачката интелигенција. Аналитичарите истакнуваат дека цените во секторот на вештачката интелигенција премногу пораснаа и дека станува збор за „надуван балон“.

Дополнителен предизвик претставуваа и американските избори на половина од мандатот. 

Победата на демократите во САД ја отворија можноста властите да наложат запирање на изградбата на нови центри за податоци. Секое успорување на изградбата на центри за податоци за вештачката интелигенција ќе значи намалување на побарувачката за специјализирани чипови

Компанијата Енвидија која брзо стана симбол на процутот на вештачката интелигенција падна за 9,3 насто и беше најголем товар за СП 500.

Слични новости

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени поради огромните трошоци за вештачка интелигенција

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени поради огромните трошоци за вештачка интелигенција

Акциите на матичната компанија на Гугл, „Алфабет“, паднаа за речиси 10 отсто откако финансиските резултати предизвикаа загриженост поради огромните трошоци за развој на вештачката интелигенција,

Полицијата спроведува обемна акција за сузбивање финансиски криминал во здравството

Полицијата спроведува обемна акција за сузбивање финансиски криминал во здравството

Полицијата врши претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово во рамки на истрага за сомневања за финансиски криминал поврзан со приватна здравствена установа и вработени во Фондот за здравствено осигурување.