Во четвртокот со Волстрит завладеа жестока распродажба, предводена од акциите на компаниите кои учествуваат во изградба на центри на податоци за вештачката интелигенција.
Индексот СП 500 падна за 4,4 насто, забалежувајќи најголем пад од април 2025 кога Трамп го потресе светот со воведување огромни царини. Технолошката берза НАСДАК падна за големи 5,5 насто.
НАСДАК во кој доминираат акциите на технолошките компании-вклучувајќи ги и оние поврзани со вештачката интелигенција сега е 11,9 насто под историскиот максимум достигнат минатиот месец.
Светските берзи на акции се најдоа под голем притисок поради континуираниот пад на вредноста на компаниите кои профитираа од процутот на вештачката интелигенција. Аналитичарите истакнуваат дека цените во секторот на вештачката интелигенција премногу пораснаа и дека станува збор за „надуван балон“.
Дополнителен предизвик претставуваа и американските избори на половина од мандатот.
Победата на демократите во САД ја отворија можноста властите да наложат запирање на изградбата на нови центри за податоци. Секое успорување на изградбата на центри за податоци за вештачката интелигенција ќе значи намалување на побарувачката за специјализирани чипови
Компанијата Енвидија која брзо стана симбол на процутот на вештачката интелигенција падна за 9,3 насто и беше најголем товар за СП 500.
Слични новости
Пекинг ги откри деталите на договорот за трговско примирје со Вашингтон
Во рамките на новиот трговски совет, Кина и САД ќе разгледуваат заемно намалување на царините на стоки во вредност од 30 милиони долари.
Кога станува збор за вештачката интелигенција, ќе биде воспоставен канал за комуникации во случај на инциденти, а разговорите ќе бидат продолжени на крајот на ноември.
Активноста во приватниот сектор на еврозоната на највисоко ниво за три и пол години
Активноста во приватниот сектор на еврозоната го забрза растот во септември на највисоко ниво за последните три и пол години, со посилна активност во услужниот сектор и индустријата.
ОЕЦД очекува глобален економски раст од 2,9 насто во 2026 и благо забрзување на 3 насто во 2027
Светската економија би требало да порасне за 2.9 насто во 2026 година, а потоа да забрза на три насто следната гоdина и покрај последиците од конфликтот на Блискиот исток, повисоките цени на енергентите и зголемената неизвесност во трговската политика.


