Двајца припадници на Националната гарда на САД се ранети во средата во близина на Белата куќа, објави американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.
Полицијата во Вашингтон соопшти дека пукањето се случило на еден блок од Белата куќа и дека еден осомничен е во притвор. Во Белата куќа биле воведени најстроги безбедносни мерки поради тој инцидент.
Инцидентот се случил во близина на метро станицата Фарагут и доаѓа во време на контроверзната одлука на администрацијата на Доналд Трамп за распоредување трупи на Националната гарда во главниот град на САД.
Возилата на службите за итни случаи беа видени во таа област, објави The Guardian.
Локалната полиција објави дека ситуацијата сега е мирна и дека еден осомничен е во притвор. Им порача на жителите во Вашингтон да го избегнуваат овој дел од градот.
Портпаролката на Белата куќа, Каролајн Ливит, изјави за медиумите дека претседателот Трамп е известен за ситуацијата и активно ќе ги следи понатамошните случувања поврзани со инцидентот. Трамп е во одморалиште во Палм Бич, а потпретседателот ЏејДи Венс е во Кентаки.
Двајца војници се „тешко ранети“, напиша претседателот Доналд Трамп, кој е во Флорида за Денот на благодарноста, на Truth Social. Сторителот е исто така сериозно ранет и „ќе плати скапо“ за своето дело, додаде Трамп.
Слични новости
Загинаа осум луѓе во три одвоени лавини во Австрија
Осум лица загинаа во три одвоени лавини во Австрија, соопштија спасувачки служби и полицијата. Седум лица беа затрупани од лавина на врвот Финстеркоф, висок 2.150 метри, во покраината Салцбург
Санчез: Инвазија на САД на Гренланд би го направила Путин најсреќен човек на планетата
Санчез предупреди дека секоја воена акција на САД против големиот дански арктички остров ќе направи сериозна штета на НАТО и ќе даде легитимитет на руската агресија на Украина.
Расмусен: Ако САД употребат сила на Гренланд, тоа ќе биде крај на светскиот поредок каков што го знаеме
Расмусен, кој е поранешен генерален секретар на НАТО, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека Трамп користел јазик за Гренланд сличен на оној што го користат „гангстерите“ во Русија и Кина, кои треба да се обиде да ги контролира.


