Добрите впечатоци од филмот и прераскажувањето од уста на уста придонесоа психолошкиот хорор „Опсесија„ во петтата недела од прикажувањето да заработи 19 милиони долари, четврта недела по ред повеќе отколку на премиерниот викенд кога заработи 17 милиони. Филмот забележа пад од само 25 проценти во однос на минатиот викенд.
„Опсесија“ стана најуспешниот филм на студиото Фокус на Бокс офисот на сите времиња со заработка од 265 милиони долари. Опсесија ги надмина во заработка хорорите „Оружја“, „Носферату“ и „Грешници“.
„Страшниот филм“ на Парамаунт падна за 70 проценти од минатиот викенд кога беше прв и сега е трети на Бокс офисот со заработка од 15 милиони долари на американскиот пазар.
Слични новости
Рекордна посета на Светското првенство со речиси 7 милиони луѓе на трибините
Станува збор за апсолутен рекорд, но на ова првенство беа одиграни 104 натпревари, дури 40 повеќе отколку на претходните седум Мундијали, кога играа 32 селекции, наспроти сегашните 48.
Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење
Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.
Дресот на Пеле од финалето од 1958 продаден за речиси 5 милиони долари
Дресот со бројката 10 што го носеше легендарниот бразилски фудбалер во финалето на Светското првенство во 1958 е продаден за 4,9 милиони долари, соопшти аукциската куќа Сотби.


