Аргентинскиот фудбалер на Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок повторно може да биде главна тема, по сапуницата околу неуспешниот премин во Барцелона во летниот преоден рок.

За Алварез е заинтересиран актуелниот европски шампион ПСЖ, особено откако Луис Енрике ги загуби Квича Кваратскелија и Дезире Дуе кои ги искинаа лигаментите и за нив сезоната е завршена.

Се шпекулира дека ПСЖ е подготвен за Алварез да плати и до 130 милиони евра, колку што бара обештетување Атлетико за клубови надвор од Шпанија.

На мета на Луис Енрике се и Дониел Мален од Рома и Престијани од Бенфика.

Слични новости

Ендрик размислува да оди на позајмица во Рома

Ендрик размислува да оди на позајмица во Рома

Шпанскиот весник Марка пишува дека тренерот на Рома Гасперини му нуди на бразилецот значајна улога во тимот кој се натпреварува во Лигата на шампионите и води трка за освојување на скудетото.