Фудблаерите на ПСЖ синоќа на гостувањето во Шпанија го декласираа Виљареал со 6:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите, прикажувајќи ја најдоминантната партија оваа сезона во елитното натпреварување.
Бранителот на европската титула во Шпанија постави нов рекорд во Лигата на шампионите, откако успеа за само осум минути да постигне четири голови.
ПСЖ веќе во 17-тата минута од натпреварот водеше со 4:0.
ПСЖ е лидер на табелата во ЛШ со максимални 12 бодови по четири натпревари и веќе е извесно дека директно ќе се пласираат во осминафиналето.
Слични новости
Европскиот шампион ПСЖ со разочарувачки старт на почетокот од сезоната
Париз Сен Жермен синоќа на домашен терен загуби од Монако со 2:1 и по три кола во француската прва лига нема ниту една победа. Поразот на домашен терен против Монако уследува откако во минатото коло ПСЖ во финишот на мечот спаси бод против Лил, а во првото коло одигра нерешено 2:2 против Рен.
Бешикташ славеше со 2:1 во дербито против Фенербахче
Домаќините поведоа со голот на Шкрињар во 26-тата минута. Ридван Јилмаз израмни на 1:1 во 38-та минута, а конечниот резултат го постави Душан Влаховиќ во 73-тата минута од мечот по прекрасна акција на Бешикташ.
Рома со пресврт во завршницата ја победи Аталанта
Гостите од Бергамо поведоа во 47-та минута со голот на Едерсон, а пресвртот го донесоа Марио Хермосо во 90-тата и Матијас Суле во третата минута од судиското надополнување.


