Лишена е од слобода професорка на универзитетот во Штип поради примање поткуп, побарала и примила пари од студент за да положи испит.
На 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026.
Преземени се мерки во координација со Основното јавно обвинителство Штип и на К.Б. му биле предадени крим технички обработени три банкноти од по 100 евра.
Полициски службеници ја лишиле од слобода Т.А. веднаш откако ги примила парите. Таа е задржана во полициска станица, парите се одземени и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слични новости
ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата на Филипче и СДСМ, водата во Гостивар е чиста и безбедна
Но додека во СДСМ се препелкаат во сопствениот талог и кал, институциите работат и ги решаваат проблемите, меѓу кои и тие со водата, наведува ВМРО ДПМНЕ во партиското соопштение.
СДСМ : Ароганцијата на Мицкоски и ВМРО нема крај-ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните
СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што „власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците“.
Со наодите од градежното вештачење и распит на вештаците – продолжува судењето за „Пулс“
Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.


