Граѓански протест со блокада на улицата пред Владата ќе се одржи денеска, 20 ноември, со почеток во 13 часот. Повод за собирот е алармантниот број случаи на фемицид во земјава, откако за помалку од три месеци беа убиени осум жени.
Протестот го организираат неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ и Платформата за родова еднаквост. Тие повикуваат на масовно граѓанско присуство и јасна порака дека насилството врз жените, институционалните пропусти и неказнивоста повеќе не смеат да се толерираат.
Во рамките на протестот ќе бидат прочитани барањата за итно подобрување на работата на полицијата, центрите за социјална работа и правосудните органи, од кои се очекува навремено да реагираат и да обезбедат заштита за жените кои пријавуваат насилство.
Слични новости
Јавниот обвинител Савески не открива дали е отворена предистражна постапка за Алта банка
Јавното обвинителство постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, изјави јавниот обвинител Ненад Савески, но нагласи дека не може да открива дали во случајот со Алта банка е отворена предистражна постапка, бидејќи, како што рече, тоа е тајна согласно закон.
Искра Хаџи Василева ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК
Новоизбраната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Искра Хаџи Василева, денеска треба да даде свечена изјава пред Советот на јавните обвинители, со што официјално ќе стапи на функцијата.
Во Основниот кривичен суд денеска судски процес за случајот „Државна лотарија“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами и уште шест лица.


