Граѓански протест со блокада на улицата пред Владата ќе се одржи денеска, 20 ноември, со почеток во 13 часот. Повод за собирот е алармантниот број случаи на фемицид во земјава, откако за помалку од три месеци беа убиени осум жени.

Протестот го организираат неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ и Платформата за родова еднаквост. Тие повикуваат на масовно граѓанско присуство и јасна порака дека насилството врз жените, институционалните пропусти и неказнивоста повеќе не смеат да се толерираат.

Во рамките на протестот ќе бидат прочитани барањата за итно подобрување на работата на полицијата, центрите за социјална работа и правосудните органи, од кои се очекува навремено да реагираат и да обезбедат заштита за жените кои пријавуваат насилство.

 

Слични новости

Застреланиот во Арачиново е албанскиот пејач Азиз Мурати од Скопје

Мурати е ранет на влезот во Арачиново, откако во него пукало лице од возило – лице што го познавал од претходно и кое било во друштво со уште едно лице. Од МВР наведуваат дека се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.