Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во Скопје ќе одржи работнички протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Протестот, според најавата од ССМ, ќе започне во 12:05 часот пред Работничкиот дом.
Одлуката за излегување на улица, како што информираше претходно претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, доаѓа по игнорирањето и неисполнувањето на синдикалните барања од страна на Владата и работодавачите.
Тие предвидуваат законско усогласување на минималната плата за само 1.667 денари, сума што, според Синдикатот, не ја покрива ниту зголемената вредност на синдикалната потрошувачка кошничка.
Според податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) на кои посочи претседателот на ССМ, една третина од вработените во државата земаат плата под 30.000 денари
Слични новости
Вработените во Македонски пошти на протест
Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.

